Предлог – Буџетот за 2016 година пред Буџетскиот совет на Собранието

За Предлог – Буџетот за 2016 година денес на седница ќе расправа буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија. Предлог – буџетот за следната година, усвоен на владина седница, минатата недела беше образложен од страна на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Намалување на буџетскиот дефицит и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестиции

Намалување на буџетскиот дефицит и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестиции
Намалување на буџетскиот дефицит и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестиции

Ставрески истакна дека основни карактеристики на предлог – буџетот се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто годинава на 3,2 проценти следната година и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестици, со цел да се поттикне развојната компоненета на буџетот.

Станува збор за буџет кој се потпира на двата основни столба како политики што ги имавме и во претходниот период, а тоа е преку висок износ на капитални инвестиции да го помогнеме развојот на македонската економија, а од друга страна да обезбедиме стабилност посебно за ранливите категории граѓани и заштита на нивниот животен стандард преку соодветен пораст на средствата што се наменети за пензионерите, за примателите на социјална помош, рече Ставрески.

Вкупните расходи, според предлогот, се проектирани на 195.788 милиони денари, кои се за 4,7 проценти повисоки од оние во 2015 година, а вкупните приходи се проектирани на 176.804 милиони денари каде има зголемување за 6 проценти во однос на 2015 година.

На приходната страна се очекува даночните приходи да имаат раст од 6,5 проценти и да изнесуваат 101.531 милион денари, неданочните се планирани на 9.633 милиони денари и се за 519 милиони повеќе, а придонесите да имаат раст од 4,2 проценти и да изнесуваат 49.187 милиони денари.

На расходната страна, покрај средствата предвиени за повисоки пензии и социјални додатоци,  се предвидени средства повисоки за 3,3 проценти за платите или 25.906 милиони денари, за стоки и услуги се проектирани 19.618 милиони денари или 3,5 проценти повеќе од 2015 година, обезбедени се средства за изборите во април 2016 година, како и за трансфери. Предвиени се значајни средства за здравствена заштита од 1.334 милиони денари, зголемени трансфери за единиците на локалната самоуправа за обезбедување рамномерен регионален развој, како и 141 милион евра за субвенции за земјоделците.

Капиталните расходи се проектирани на 25.092 милиони денари кои се за 12,9 проценти повеќе од оние во 2015 година, рече министерот за финансии.

Интензивирање на Коридорот 10

Интензивирање на Коридорот 10
Интензивирање на Коридорот 10

Како што додаде Ставрески, за следната година повеќе средства се планирани за интензивирање на проектот на Коридорот 10 кој треба да биде готов до крајот на 2016 и почетокот на 2017 година.

Исто така повеќе сретства има за железничката инфраструктура 2.203 милиони денари, за водоводни и канализациски системи кои заедно со кредитни средства од ЕИБ и КФВ банката изнесуваат 3.047 милиони денари.

За проектот за гасификација се планирани 428 милиони денари, 304 милиони денари за социјални станови, 197 милиони денари за медицинска опрема.

Дополнително, во буџетот се предвидени средства за реконструкција и изградба на здравствените објекти во Штип, Тетово, Кичево, Чаир и Клиничкиот во Скопје, средства за културни објекти, спортски, основни и средни училишта и студентски домови, универзитети, технолошко индустриски објекти и слично.

Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти.  Носители на растот, како што рече Ставрески, ќе бидат градежништвото, индустријата и нето извозот.