Предлог-мерки за претпазливост за двајца осомничени од „Тендери“

осомничени

Со предлозите е побарано од Судот осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно, односно секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

– Воедно, за двете осомничени лица е побарано определување и мерка претпазливост одземање на патна исправа, поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство,  се вели во соопштението.

„Тендери“ е истрага што СЈО ја објави вчера, а се однесува за изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје,  заедно со истрагата „Топлик“  во врска со продажба на градежната парцела за изградба на резиденцијалната насeлба „Сончев град“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.