Предлог на Москва: Државите кои вовеле санкции да се наречат агресори

Руската државна дума наскоро ќе го разгледа предлогот во руското законодавство да се воведе нов поим „држава агресор“, пишува денешниот московки дневник Известија.

Предлагачите на законот, членовите на владеачката Единствена Русија Фодоров и Антон Романов, како и пратеничката група „Депутатски суверенитет“, во која влегуваат две парламентарни партии, навеле во образложението дека под „земја агресор“ се подрабира држава која вовела санкции кон Русија, како и поединечни граѓани на Русија и руски компании.

Авторите наведуваат дека списокот на „земји агресори“ е непходен заради „заштита на основниот поредок, одбраната на земјата и безбедноста на државата, заштита на внатрешниот пазар на Русија и развојот на националната економија“.

Во случај измените на законот да бидат усвоени и физички и правни лица, кои се регистрирани во „земјата агресор“, или руски компании кои се поврзани или зависни од такви лица, нема да може на територијата на Русија да се бават со ревизија нити да пружаат правни и консултативни услуги.

Фјодоров на листата рекол дека владата сама одлучува кои компании ќе влезат на списокот на санкции.

Според неговото мислење, во литата треба да влезат сите големи американски ревизорски компании и консалтинг организации кои работат во Русија –  Deloitte, KMPH, ERNST&Young, PricewatersCoopers, Boston Consulting Group, Mackenzie.