Македонија

Предлог за поголема флексибилност во студирањето

Предлог за поголема флексибилност во студирањето

Студентите кои не го положиле првиот дел од државниот испит, којшто се полага по завршување на втората студиска година, да имаат право да ги слушаат предметите предвидени во третата студиска година е предолгот на Нинослав Марина, ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид .

Ова, како што се наведува во соопштението од Универзитетот, е во насока на подобрување на текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование и со цел да им се овозможи на студентите поголема флексибилност во студирањето.

Предлогот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид го достави до Министерството за образование и наука на Република Македонија за натамошно разгледување и одлучување.

фото: mkd.mk