Македонија

Поднесен Предлог-закон за необјавување на прислушуваните разговори

Поднесен Предлог-закон за необјавување на прислушуваните разговори

Предлог-закон за престанување на објавувањето на аудио снимките од прислушуваните разговори денеска во Собранието поднесоа пратеничките групи на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Овој Предлог –закон бил идеја на ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ ја поддржала.  Ова законско решение, како што пренесува МИА, било договорено на лидерска средба во присуство на странските претставници, поткочно кога се договорал Законот за специјален обвинител.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ја потврди информацијата и вели дека со предлог-законот всушност се доработува веќе постоечка материја за оваа проблематика.

Целта е, како што посочува Димовски, да се избегнат евентуални уцени, закани и притисоци врз граѓани кои би можеле да произлезат од прислушуваните разговори.

Сега, додава Димовски, има формирано орган кој би можел да постапува по евентуални вакви случаи односно формирано е специјално обвинителство.

Засега нема информација кога Предлог-законот ќе биде на собраниска седница.