Предлог закон за медицинска употреба на канабис

Министерството за здравство, по опсежните јавни дебати ќе поднесе предлог закон за употреба на канабис за медицински цели, соопшти денеска министерот за здравство, Никола Тодоров.

Тој информираше дека по однос на овој закон ќе следат уште јавни дебати од коишто следната ќе биде во недела.

Според предлог законот, канабис ќе може да се произведува и користи само во Македонија и истиот ќе може да го произведуваат само правни лица.

Физичко лице не смее да произведува коноп за медицински цели, а тоа дело ќе биде казниво по закон.

Предвидено е конопот да се користи за лица коишто имаат ХИВ, онколошки заболувања, болки и слично и сето тоа ќе биде само по препорака на доктор.

Проекциите се законот да биде готов за околу 2 месеци, со тоа што во моментов е се уште на јавна дебата, потоа треба да биде на владина седница и да биде изгласан во собранието.