Предлог-законот за амнестија не доби зелено светло пред пратениците

Предлог-законот за амнестија кој предвидува целосно ослободување на 40 проценти правосилно осудени лица за кривични дела, денеска не доби поддршка од пратениците во Собранието на Македонија.

Граѓанската активистка Мери Николова појасни дека амнестијата е иницирана поради потребата од заштита на човековите права во Казнено поправните домови во Македонија. Затворите, според неа, се пренатрупани и нема основни услови за живот. Таа нагласи дека ефектот од новиот закон би бил 100.000 затворски денови помалку и смалување на трошоци од 120 милиони денари во буџетот.

Со едно гласање сакате да ослободите повеќе од 800 затвореници, кои ќе шетаат по улиците. Тоа е закана за општеството. Пратениците од владејачката партија бурно реагираа на законот за амнестија на осуденици.

Пратениците од владејачката партија бурно реагираа на законот за амнестија на осуденици поднесен од активистката на СДСМ, Мери Николова. Претседателот на собраниската комисија за политички систем Влатко Ѓорчев  смета дека опозиционерите стојат зад граѓанската иницијатива и се обидуваат да добијат некој поен плус.

Опозицијата сака да го уништи судскиот систем, обвинителството и министерството за внатрешни работи, обвини Ѓорчев.

Од опозицијата бараат законот да добие шанса и да помине во втора собраниска фаза, па амандмански да се интервенира.

Иницијаторот на ова законско решение Мери Николова која собра 11 илјади потписи тврди дека иницијативата нема политичка позадина.

Од ВМРО-ДПМНЕ појаснуваат дека со законот би се ослободиле 27 убијци, 29 силувачи, 14 педофили, пет осуденици кои посредувале при вршење проституција, околу 390 дилери на дрога и повеќе од 1600 разбојници.