Предлогот на Законот за стечај денеска пред пратениците

Во рамки на 80. Седница, денеска на дневен ред ќе биде решавањето на 300-те стечајни постапки од минатото. Со предложеното законско решение тие треба да се решат за помалку од една година по донесување на законот.

Законот ги опфаќа сите стечајни постапка од 1989 до 2011 година, а целта е да се стави крај на оние кои траат по 15-20 години.

Со законот треба да се решат стечајните постапки во Типо, Маврово, делови од железара, МЗТ, Центро, Порцеланка, Кожарски комбинат Куманово, повеќе земјоделски комбинати, како и случајот Фиком, Самарија и други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.