сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 29

Предлогот за импичмент на Иванов пред пратениците

За предлогот за импичмент на претседателот Иванов да биде усвоен потребни се гласовите од најмалку 82 пратеници во Собранието на Македонија.

sobranie

Поврзани вести

Предлогот за импичмент на претседателот Иванов денес ќе се најде пред пратениците. Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 105. седница на која ќе расправа по предлогот на опозицијата за покренување постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Република Македонија.

За да се донесе одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот,

Предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов првично беше разгледан и оценет како неоснован од страна на членовите на собраниската Комисија за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија. Минатиот понеделник, Комисијата со шест гласа „за“ и четири „против“ оцени дека предлогот за импичмент е неоснован. За ваквиот заклучок гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а против беа членовите од СДСМ и ДУИ.

Иванов на прес конференција соопшти за Општиот акт за аболиција

Предлогот за импичмент беше инициран еден ден по одлуката на претседателот Иванов за помилување 56 лица.

Опозицијата смета дека Иванов со актите за помилување го прекршил Законот за помилување и Уставот на Република Македонија, додека за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, барањето за импичмент е целосно неиздржано и не се темели на правни аргументи, туку е неуспешен обид да се удри по највисоката институција Претседател на Република Македонија.

Предлогот за импичмент беше инициран на 13-ти април, ден по одлуката на претседателот Иванов за помилување 56 лица.

На 27-ми мај Иванов првично ја повлече аболицијата за, како што наведе, 22 политички експонирани лица.

Иванов ги упати преостанатите 34 лица кои не сакаат да бидат помилувани, да си поднесат барање за поништување на одлуките кои се однесуваат на нив, а потоа на 6 јуни, претседателот на државата ги поништи и останатите одлуки за помилување.

Најчитани вести