Предложен нов состав на Антикорупциската комисија

Нов состав на Државната комисија за спречување на корупцијата. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска предложи именување членови на Антикорупциска од кои само двајца се од постојниот состав.

За членови на Државната комисија за спречување на корупцијата се предлагаат Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, дипломиран економист д-р на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова Аџикотарева, дипломиран правник магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, дипломиран правник, магистер по деловно право од Прилеп, како и актуелните Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово и Фарије Алиу, дипломиран економист доктор на економски науки од Гостивар.

Се очекува оваа Предлог-одлука на Комисијата да се најде на првата наредна седница на Собранието.

Претседателот на Антикорупциската комисија се избира од страна на членовите, на првата седница на Комисијата.