Предмети на американските гангстери продадени на аукција

Предметите на некои од најпознатите американски гангстери продадени се на наддавање во саботата за суми кои надминувале повеќе десетици илјади долари, пренесуваат американските медиуми.

Џебниот дијамантски часовник кој му припаѓал на Ал Капоне, произведен во дваесеттите години од минатиот век во Чикаго, како и рачно напишаната композиција којашто овој гангстер ја смислил додека во триесеттите престојувал во затворот Алкатраз, се меѓу предметите кои биле продадени на аукцијата „Гангстери, одметници и полицајци“. Највисоката цена, од околу 84.000 долари ја постигнал часовникот, објави бостонската аукциска куќа RR Auction.

Новиот сопственик на часовникот останува засега анонимен, но познато дека станува збор за колекционер кој е заинтересиран за интересни американски артефакти, истакна заменикот на извршниот претседател на RR Auction, Боби Ливингстон. На наддавањето учествувале триесетина купувачи кои понудите ги давале преки интернет, телефонски или во живо.

Композицијата на Ал Капоне под наслов „Хумореска“ која ја покажува неговата понежна страна, продадена е за околу 18.000 долари. Песната ги содржи стиховите „Ти ме восхитуваш и ги исполнуваш моето срце, со радост како смирувачка симфонија, низ воздухот ти полека лебдиш, а нотата во моето срце ја гаша“.

Ливингстон за американските медиуми открива дека не е изненаден дека песната што ја напишал човекот многу попознат за организирање на криминал и убиства отколку по компонирање, е продадена на наддавањето поради начинот на кон Капоне „резонира во американскито имагинариум“. „Овој музички артефакт дава увид во тоа каков човек бил“ Ал Капоне, додава.

„Таа му дава човечки особини и покажува дека имал фантазија и бил креативен. Тие луѓе имале и ги користеле своите таленти, за жал за криминални дела“, додава Ливингстон алудирајќи не само на Капоне, туку и на слогласната двојка Бони и Клајд.

Нивното проштално писмо коешто го напишала Бони Паркер, а го потпишал Клајд Бероу непосредно пред нивната престрелка со полицијата во којашто се убиени, продадено е за 16.000 долар, додека неколкуте потерници од сојузната држава Тексас за 8.000 долари. Посребрениот прстен на Паркер со триглава змија е продаден за 25.000 долари.

На аукцијата присуствувале и внукот на Клајд Бероу, Бади Бероу, и внуката на Бони Паркер, Лин Линдер.

„Ги запрашав Бади што неговиот вујко би мислел за оваа аукција, а тој рече дека Клајд би му порачал да ‘заработи што е можно повеќе пари“’, открива Ливингстон.

Писмото коешто ги напишал Џон Готи, кумот на њујоршкото мафијашко семејство Гамбино, не беше продадено Во тоа писмо напишано во 1998 година ќерката на еден од водачите на мафијата порачува на татко ѝ да у се каже „да ги задржи мартините студени“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.