сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 22

Предмети во хотел што не би требало да ги допирате

Најновото истражување на интернет страницата Travelmath, кој ангажирал експерти, покажало дека колку повеќе ќе платите за некоја хотелска соба, толку се поголеми шансите таа да биде понечиста. Во истражувањето биле вклучени 9 американски хотели, со категоризација од 3 до 5 ѕвездички.

hotelski-sobi

Поврзани вести

По испитувањето резултатите биле поразителни. Во хотелите со 3 ѕвездички најнечисти биле бањите, но бројот на бактерии бил за осум пати помал во бањите на хотелите со 4 ѕвездички. Хотелите со 5 ѕвездички во ова испитување поминале малку подобро од оние со 4 ѕвездички.

Резултатите покажале дека во луксузните хотели најлошо е да допирате далечински управувач на кој што се таложи нечистотијата. Речиси неверојатно, но речиси за сите што плаќаат за хотелско сместување факт е дека хотелската соба е понечиста од собата во која живеете, од авионите или од училиштата.

Собите во хотелите се чистат само површно. Затоа за да ги избегнете можните проблеми, за почеток е најдобро често да ги перете рацете и да користите спреј за дезинфекција за одредени предмети во хотелот, како што е например далечинскиот управувач.

Најчитани вести