Македонија

Предновогодишни контроли на УЈП

Предновогодишни контроли на УЈП

Предновогодишната потрошувачка го зголемува ризикот од неевидентирање на готовинскиот промет, токму затоа ги потсетуваме сите даночни обврзници на почитување на обврската за регистрирање на готовинскиот промет и за издавање на фискални сметки на потрошувачите.

УЈП редовно е присутна на терен, особено на местата со изразено зголемен промет во овој период – угостителските и објектите кои вршат малопродажба.

Во ноќните часови (меѓу 27 и 28 декемви), при редовно вршење контрола, УЈП утврди неправилност кај 7 угостителски објекти во Скопје, од вкупно 20 контролирани.

Поради нерегистрирањето на готовинските плаќања, за објектите е изречена времена забрана за вршење на дејност од 15 дена, а за даночните обврзници изречена е глоба во висина до 3250 евра во денарска противвредност.