четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 40

ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА СЕ ОСТВАРУВААТ: Ветувањата на Заев за двојазичност ги радикализира и албанските партии

Додворувањето на СДСМ и Зоран Заев кон албанското гласачко тело ставајќи ја двојазичност во цела Македонија во предизборната понуда ќе резултираат со поголеми националистички барања од албанските партии кои се ќе мораат пред своите гласачи да покажат дека Заев не може да биде поголем заштитник на албанските права и интереси од лидерите на албанските политички партии, предупредија политичките аналитичари пред месец дена

zaev_albansko-zname-640x341

Поврзани вести

Откако лидерот на Социјалдемократите, Зоран Заев во неколку наврати најави воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија, политичките аналитичари предупредија дека ваквите ветувања на опозицискиот лидер во борбата за гласови ќе имаа сериозни последици и ќе предизвикаат радикализација во барањата на партиите од албанскиот политички блок.

Политичкиот аналитичари, Александар Пандов по интервјуто на Заев во кое најави двојазичност предупреди дека ваквото додворување на СДСМ кон албанските гласачи „ќе го крене влогот“ па албанските партии во предизборната битка ќе испорачуваат уште порадикални предлози кои досега не се споменувале.

Коментирајќи го денешните  изјави на претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети Пандов вели сите овие зборови се сосема очекувани по настапот на Заев во кој што се обидуваше да покаже дека е поголем Албанец од Албанците.

„Ќе беше сосема ненормално ако немаше ваква реакција како што денеска слушаме. Таа најава на Заев пред месец дена дека Македонија ќе ја направи двојазична ако СДСМ дојде на власт тогаш предизвика лавина реакции,  а сега предизвикува натпревар меѓу албанските партии кој повеќе ќе искаже националистички и радикални барања кон државата докажувајќи се кој е поголем Албанец. Денешните изјави се апсолутен логичено следување по ветувањата на Заев“, вели Пандов.

Ахмети пред подмладокот на партијата во Чаир. најавува и нов Рамковен договор базиран на пет столба меѓу кои консензуалност во одлуките, економска еднаквост и двојазичност.

ДУИ не гледа сојузник во ниту една од македонските партии туку нејзин сојузник  е албанскиот народ.

Зборувајќи за однесувањето кон Албанците во Македонија, Ахмети беше радикален, велејќи дека, ќе дојде време кога Албанците ќе се борат против некоја неправда што му е направена на Македонец, кога Македонците ќе бидат малцинство. Потенцираше и дека е убеден дека тоа време ќе дојде. И говорот на претседателот на подмладокот, Куштреф Ала, изобилуваше со националистички пораки, а во еден момент ја нарече Македонија – Илирида.

Лидерот на ДУИ порача дека Социјалдемократите немаат право да ги бараат албанските гласови на претстојните избори

„Каде беа пред 15 години, кога младите Албанци се убиваа само за да учат на албански јазик? А сега, сакаат да владеат со помош на албанските гласови“, истакна Ахмети.

Во одбрана на ставовите на СДСМ и нивното право да сметаат на гласовите од Албанците застана Мухамед Зекири, советник на Зоран Заев.

„Али Ахмети денеска потврди дека нема проблем ниту со ВМРО ДПМНЕ ниту со Албанските опозициски партии. Најголема грижа и проблем му е СДСМ и нејзината ВИЗИЈА и програма за Македонија едно општество еднакво за сите. Проблем му е што Албанците знаат да препознаат што е визија и каде ја гледаат нивнита иднина развој и просперитет. Го боли што не може повеќе да ги лаже и манипулира Албанците.
Замислте “миролубивиот” Али Ахмети денеска порача дека ќе дошло време кога Македонците ќе биле малцинство во Илирида. Праша каде било СДСМ порано пред 15 години да мисли за Албанците?
г.Ахмети СДСМ е тука сега да ви покаже и докаже на дело како се раководи држава и како оваа држава Македонија се грижи за сите нејзини граѓани без разлика на нивната етничка припадност вклучувајки те и тебе. Албанците се прашуваат каде беше ТИ и ТВОЈАТА партија сиве овие 12 години колку си на власт да мислиш на нив??? Они знаат многу добро на што мислеше и правеше ТИ и ТВОИТЕ пулени сиве овие години. Крадевте, се богатевте, уценувавте, убивавте, лажевте!!!!“, напиша Зекири на Фејсбук.

zekiri

Инаку, Заев веќе неколку пати ја кажа својата намера- ако дојде на власт, цела Македонија ќе ја направи двојазична.

„Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94 посто Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата?“, рече Заев.

Дополнително лидерот на СДСМ во своите изјави потенцираше дека со воведувањето на двојазичноста ќе лови албански гласови.

„Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ. Без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албанскипартии или не, јас сметам на албански гласови во овој процес на избори. И очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па потоа некоја друга политичка партија од албанскиот блок. Ги имаме сите причини на светот тоа така да се случи“, дециден е Заев.

За потсетување, Муса Љамалари, претставник на албанската дијаспора отворено во април призна дека остварувал средби со Заев, разговарале за федерализација и по таа средба помалите албански партии излегле на улица за да го поддржат Заев да нема избори. Тогаш, во изјавата Љамалари повторно нагласи дека тој се залага за федерализација на Македонија, нешто што како што вели, сите го знаат.

Најчитани вести