Свет

Предупредување за можни насилни протести во САД

Предупредување за можни насилни протести во САД

Американските амбасади во Авганистан, Пакистан и Тајланд ги предупредија граѓаните на САД во споменатите земји на можноста на анти-американски протести и насилства по синоќешното објавување на извештајот на Сенатот за методите за испитување на осомничените за тероризам, пренесе МИА.

Во идентичното известување испратено на граѓаните на САД во споменатите три земји, амбасадите предупредија дека „објавувањето на извештајот на комитетот на Сенатот за притворање и испитување кое го вршела ЦИА би можело да предизвика анти-американски протести и насилства кон американските интереси, вклучувајќи кон државјани на САД“.

Во Авганистан и на Тајланд се наоѓаат два тајни затвора во кои затвореници се испитувани и измачувани.