Предвелигденски панаѓур во ОУ „Кочо Рацин“ во Прилеп

Традиционално, петта година по ред во ОУ „Кочо Рацин“ се организира предвелигденски панаѓур.

Панаѓурот беше посетен од страна на градоначалникот Ристески, кој рече дека организацијата на вакви настани ја поттикнува креативноста кај учениците и ја доближува традицијата.На панаѓурот беа изложени рачно изработени креативни украси кои истакнуваат симболиката на овој верски празник.

Средствата собрани од продажбата на велигденските украси ќе бидат искористени за набавка на нагледни средства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.