понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Предвидени нови поволни кредити за компаниите

nikola-gruevski-merki-zdrav-640x360

Последни вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој ја промовираше новата партиска програма „Реално“ истакна дека малите и средните претпријатија ќе се поддржуваат преку активните мерки за вработување и субвенционирање на трошоците за вработувањата, и со следните проекти на МБПР.

Прво, кредитна линија од ЕИБ со која ќе се изврши репласирање на вкупно 101 милиони евра со особено ниска и фиксна каматна стапка до 5,5% годишно, како и долги рокови за отплата до 8 години за инвестиции и до 3 години за обртни средства, и со која линија досега беа пласирани 350 милиони евра. Второ, посебен кредитен фонд кредитна линија со гарантна шема за поддршка на македонските мали и средни претпријатија, при што на располагање за оваа намена се 6,3 милиони евра, а по потреба ќе се зголемат. Обезбедување на дополнителни средства за кредитната линија од Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд, преку дел од компензационите фондови во износ од минимум 3 милиони евра и преку буџетски средства во износ од 4 милиони евра, посочи Груевски.

Предвидено е и подобрување на условите на кредитната линија за производство, откуп, преработка и извоз на земјоделски производи, што како што рече Груевски, е важно за агропреработувачката индустрија во функција на навремен откуп на земјоделските производи и плаќање кон земјоделците-кооперанти. На располагање за оваа намена се над 10 милиони евра, како и со голем број на други проекти.

Најчитани вести