Предвремени парламентарни избори во Грција

Предвремените парламентарни избори во Грција се извесни откако грчкиот Парламент не му ја даде поддршката од 180 гласови на единствениот кандидат Ставрос Димас ни во третиот изборен круг. За кандидатот на владеачката коалиција овој пат гласаа 168 пратеници, а против беа 132, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Според Уставот изборите треба да се распишат во рок од десет дена. Според последните анкети опозициската Сириза има благо водство пред владеачката Неа Димократиа.

Ваквиот исход од гласањето во Грција според странските медиуми отвара нова криза во Еврозоната. Евентуалната победа на Сирза која што се спротиставува на мерките на штедење според британски Телеграф претставува закана за иднината на еврото.