Предвремени парламентарни избори во Словенија

Во Словенија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои Словенците ќе ја изберат третата влада во изминатите три години.

Изборите беа распишани откако премиерот Аленка Братушек го загуби лидерското место во владејачката партија Позитивна Словенија и поднесе оставка.

Според анектите на прво место се наоѓа новата Партија на Миро Церар. Сепак Церар тешко дека ќе освои мнозинство гласови, поради што се очекува формирање нова коалициска влада.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Нинамедија“ покажува дека Партијата на Миро Церар може да очекува 31,3 проценти, Словенечката демократска партија на Јанез Јанша 23,4 отсто, а ДеСУС околу 11 проценти од гласовите.