Прегазен пешак кај Католичка

Женско лице е прегазено околу 19:10  часот на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква.

Од полицијата информираат дека во женското лице, чиј идентитет не е познат удрил автомобил „Фиат уно“ со скопски регистерски таблички.

Очевидци велат дека станува збор за помладо лице. Повредената е итно пренесена во Ургентниот центар, а полицијата врши увид.