Прегазен пешак во Кавадарци

Педесет и седум годишен маж е прегазен в о сообраќајна несреќа што вчера се случила на регионалниот пат Кавадарци – мотел Дреново.

Како што ин формира МВР, вчера околу 13,30 часот на регионалниот пат Кавадарци – мотел Дреново, на мостот на Црна река кај село Возарци се случила сообраќајна незгода при што  М.Т.(31) од Струмица управувајќи возило „Пунто“ струмички регистарски ознаки го прегазил пешакот Н.С.57() од село Дреново.

Од здобиените повреди Н.С. починал на местото на настанот. Увид извршила екипа од ПС ОН Кавадарци.