Прегазен пешак во Штип, со тешки повреди пренесен во болница

Триесет и тригодишниот Љ.Ш. од Штип вчера бил прегазен од автомобил „Голф“ на улицата „Сутјеска“.

Од полицијата информираат дека до несреќата дошло кога 20 годишниот А.Д. управувајќи со возилото удрил во пешакот Љ.Ш. Тој се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Штип каде е задржан на лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.