Прегазен пешак на Рузвелтова

Пешак е прегазен попладнево на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје.

Несреќата се случила околу 16:10 часот кога во пешакот удрил автомобил марка „Ауди“.

Поради здобиените повреди пешакот, чиј идентитет не е познат, е пренесен на КАРИЛ.

Полицискиот увид е во тек.