Прегазена жена во центарот на Скопје

Прегазена е жена од автомобил марка „југо“ со велешки таблички во центарот на Скопје, во близина на гимназијата Јосип Броз Тито, пишува Република.

Жената е пренесена во Ургентниот центар. Полицијата во моментов врши увид на лице место. Несреќата се случила непосредно пред пешачкиот премин на раскрсницата на улиците „Климент Охридски“ и „Димитрија Чуповски“.

Деталите за здравствената состојба на жената не се познати.