Прегазен пешак во Гостивар

Сообраќајна несреќа се случи вчера на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, во која животот го загуби 77- годишен пешак.

Како што соопштува МВР патничкото моторно возило „Волксваген Бора“ со гостиварски регистерски ознаки удрил во пешак Сребре С. од Гостивар.

Истиот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во МЦ-Гостивар, но поради сериозноста на повредите префрлен е во Ургентниот Центар во Скопје каде што околу 20,00 часот им подегнал на повредите.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.