Македонија,Крими хроника

Прегазен пешак во кичевско

Прегазен пешак во кичевско

Жител на кичевското село Трапчин Дол е усмртен откако во него удрил автомобил.

Несреќата се случила синоќа еден час по полноќ на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај Трапчин Дол кога А.С. (64) од кичевско Букојчани со автомобил  „Опел Астра“ удрил во пешакот Шукри А. (60).

Лицето поради сериозните повреди со кои се здобило починало на лице место.

Полицијата на местото на настанот извршила увид.