Македонија,Крими хроника

Прегазен пешак во Прилеп, починал на лице место

Прегазен пешак во Прилеп, починал на лице место

Синоќа околу 20,00 часот на магистралниот пат крај влезот во Прилеп од правец на превојот Плетвар, се случила сообраќајна незгода во која И.М.(26) од Битола, управувајќи комбе „Форд Транзит“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешакот Милица Р.(68) од Прилеп.

Истата починала на лице место. Телото на починатата е предадено на обдукција.