Прегазен пешак во Струмичко

Камион прегази старец на влезот на струмичкото село Секирник, синоќа околу 21,30 часот, јави „Нова Македонија“.

Се работи за тешка сообраќајна незгода, во која за среќа старецот се здобил со тешки телесни повреди на главата.
Тој утрово е префрлен на Трауматологија во Скопје. Причините за сообраќајката сеуште се утврдуваат.