Прегазен пешак во Велес, починал на лице место

Во текот на вчерашниот ден во Велес, на ул.Нада Бутникошарева, се случила сообраќајна незгода во која автомобил од марката „Фиат Дукато“ со велешки регистарски ознаки управуван од А.Б.(42), возејќи наназад удрил во пешакот Богдан Ј.(83) од Велес.

Богдан Ј. починал на местото на настанот.

Смртта ја констатирал лекар од ИМП. По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот е пренесено во институтот за судска медицина – Скопје за обдукција.