Прегазен полицаец на патот Тетово-Јажинце

Вчера во 22.50 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, при редовна работа, полициски службеник од полициската станица Теарце бил удрен одзади од возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф. (29) од село Нераште, тетовско.

Од ударот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница-Тетово, каде е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Тетово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.