Прегазен тинејџер во Нови Сад

Четиринаесет годишен тинејџер е тешко повреден откако синоќа додека поминувал на пешачки премин во близина на училиште во Нови Сад, на него со голема брзина налетал автомобил „југо“ и го удрил.

Момчето веднаш било префрлено во болница и е задржано на одделението за детска хирургијa. Тој се здобил со повреди на раката, рамењата и чувствувал болка во градниот кош.

Несреќата се случила околу 20 часот вчера вечерта а очевидци за српските медиуми посочиле дека детето поминувало на пешачки премин и тоа додека семафорот за него бил зелен, но возачот на југото не застанал туку директно го удрил.

Како што раскажуваат очевидците, возачот излегол од автомобилот го погледнал детето, по што се вратил во автомобилот и избегал од местото на настанот.

Полицијата се уште трага по возачот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.