Прегазен велосипедист во Ѓорче Петров

Сообраќајна несреќа во која тешко повреден е 22 годишниот скопјанец А.Г. се случила вчера околу 19:45 часот на улицата „4 јули“ во Ѓорче Петров.Од полицијата информираат дека во велосипедистот А.Г. удрил автомобил „Пасат“ кој го управувал скопјанецот М.В. Момчето било пренесено во ГОБ „8 Септември“ каде му се констатирани тешки повреди, скршеница на лева клучна коска и се наоѓа надвор од животна опасност.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полицијата и се преземаат мерки за целосно расчистување на сообраќајната незгода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.