Пијан возач прегази велоспиедист во Охрид

На само неколку часа пред Нова година животот го загуби 61 – годишен охриѓанец, во сообраќајната несреќа што се случи вчера на улицата „Радојца Новичиќ“’.

Како што јавува Охрид Њуз, тој со велосипед се движел по улицата кога во него удрило возило марка „Фолксфаген Пасат“. Велосипедистот веднаш бил пренесен во специјалната болница Св. Еразмо каде им подлегнал на повредите.

Над Ќ.Н. (53) од Охрид, возач на автомобилот, извршено е алкотестирање при што утврдени се 1,08 % промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот, а истрагата треба да ги утврди причините за несреќата, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.