Прегазена 80-годишна старица од Кавадарци

Осумдесет годишна жена од Кавадарци била прегазена од автомобил синоќа во кавадаречкото централно подрачје, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Старицата се здобила со повреди и била пренесена во Јавната здравствена установа Општа болница во Кавадарци.

Синоќа во 20.45 часот на крстосницата од улиците „7 ми Септември“ и „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци, случена е сообраќајна несреќа во која патнички автомобил марка „фиат пунто“ со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од 20- годишен жител на Кавадарци, удрил во пешак, 80 годишна жена од Кавадарци, појасни  Стојковска.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.