Прегазена девојка во Тетово

Дваесет и три годишната Л.К. од Тетово била прегазена вчера вечерта на улицата „Илинденска“ од автомобил „Рено“ кој го управувал 35-годишниот Р.Р. од Мала Речица.

Во несреќата, 23-годишната тетовка се здобила со телесни повреди и со друго возило пренесена е во тетовската клиничка болница.По укажаната помош таму, пуштена е на домашно лекување.

Извршен е увид и се утврдуваат причините за оваа несреќа. Првично, причина е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење.