Прегазена полицајка што ја обезбедувала Елисејската палата

Француска полицајка, која била ангажирана на обезбедување на Елисејската палата, била повредена синоќа околу полноќ при удар со автомобил, објави МИА.

Повеќе сведоци за радиото Франс Инфо изјавиле дека автомобилот марката „рено клио“ со црна боја, намерно ја прегазил полицајката.

Таа веднаш е пренесена в болница, а не местото на инцидентот набрзо дошол и француускиот претседател Франсоа Оланд.

Полицајката при ударот била отфрлена на хаубата на автомобилот и притоа се здобила со полесно повред на зглобот од раката, јавува Франс Инфо.

Според претставник на полицискиот синдикат Стефани Вебер-Боаје, полицајката е на возраст од 37 години е има повреди на зглобот од раката, колената и грбот.

– Мојата колешка, која беше на обезбедување на Елисејската палата, забележала автомобил кој се движел во спротивна насока. Таа се приближила кон него и автомобилот намерно удрил во неа. Таа прво удрила на хаубата на автомобилот пред возачот и неговиот сопатник, а потоа паднала на коловозот, одбјасни Вебер-Боаје.

Четирите лица кои биле во автомобилот веднаш го напуштиле и започнале да бегаат пеш. Набрзо полицијата со мотоцикли успеа да уапси двајца од нив. Се работи за возачот и еден од сопатниците. Двајцата се од местото Есон во парискиот регион, при што едниот бил во алкохолизиранн сосотјба. Другите двајца патници се уште се во бегство.

Засега не се познати причините за инцидентот и дали тој е поврзан со минатонеделните терористички напади.

Според Вебер-Боаје, меѓутоа, автомобилот намерно удрил во полицајката.

– Нема сомнеж во намерата на возачот да ја удри мојата колешка. Таа потврди дека возачот ја гледал во очи и не закочил. Значи ја удрил намерно. Тројца сведоци на инцидентот го потврдија истото, додаде Вебер-Боаје.