Балкан

Прегазени бремена жена и дете на пешачки премин во Смедерево

Прегазени бремена жена и дете на пешачки премин во Смедерево

На раскрсница во Смедерево вчера вечерта возач со автомобил „Фолксваген“ удрил во бремена жена и нејзиното дете кои поминувале на пешачки премин.

Возачот не и дал преднос на 21-годишната трудницата која на пешачкиот ја туркала количката во која било нејзиното двегодишно дете, па наместо да застане тој ги удрил.

Против возачот е поднесена кривична пријава, а здравствената состојба на трудницата и детото сеуште не се познати. Тие се префрлени во болница.