Прегазени двајца пешаци во тетовско Радиовце

Двајца пешаци се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 19 часот се случила на локалниот пат во тетовско Радиовце.

Од СВР Тетово информираат дека 23-годишниот А.Р. со автомобил Голф удрил во соселаните  Д.Д.(57) и Р.Б(55).

Од ударот, пешаците кои со „Голфот“ биле пренесени во тетовската клиничка болница, поради здобиените повреди задржани се за натамошно лекување.

По извршениот увид се расветлуваат причините за несреќата.