Прегазени две старици во Шутка

Две постари жени биле прегазени од автомобил, вчера во скопската населба Шуто Оризари, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот на крстосницата од улиците Смилевска и Жеденска. Тогаш автомобил „мерцедес“ управуван од Л.Ј. (25) од Скопје удрил во пешаците Т.К. (79) и Р.А.(82), двете од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош Т.К. била пренесена во Градската општа болница “8 Септември“ каде што и биле констатирани тешки телесни повреди, a потоа била префрлена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде била задржана на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.