Крими хроника

Прегазено 1-годишно дете кај езерото „Младост“

Прегазено 1-годишно дете кај езерото „Младост“

Кај езерото „Младост“ пред мотел „На Велешко“ денеска во 19.10 часот се случи сообраќајна незгода во која настрада едногодишно дете.

Такси управувано од Ј.Р. истоварувало патници пред мотелот, а дете родено 2015 година прво излегло од возилото и при тргнување такси возилото го прегазило.

На пат кон болница детето починало.