Прегазено 13-годишно дете во Скопје

 

Тринаесетгодишно дете почина вчера откако автомобил „фиат пунто“ удрил во него кај Фонатана во Градски парк, односно на раскрсницата на булеварот Илинден со Наум Наумовски Борче.

Како што информираат од МВР, 47- годишната М.Л. удрила во детето кое било со велосипед, околу 18:30 часот.

Малолетникот бил итно пренесен во Ургентниот центар каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите во 19:35 починал.

500212993

 

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Како што дознаваме, од М.Л. земени се примероци од крв и урина, а возилото е испратено на вонреден технички преглед.