Прегазено 4-годишно девојче во Синѓелиќ

Четиригодишно девојче е повредено во сообраќајна несреќа вчера во скопски Синѓелиќ, кога автомобил удрил во него, соопшти полицијата.

Околу 10:30 часот на улицата Антон Попов во скопското село Сингелиќ, М.Б. (42) од Скопје управувајќи автомобил „голф“ со скопски регистерски ознаки, удрил во дете пешак на возраст од четири години.

Девојчето било пренесено во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде и биле констатирана фрактура на десна надколеница и била задржана на лекување.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.