Крими хроника

Прегазено 7-годишно девојче во Голема Речица

Прегазено 7-годишно девојче во Голема Речица
Експлозија пред зградата на СВР Скопје

Седумгодишно девојче од Долно Палчиште вчера е прегазено од автомобил „киа“ со тетовски регистерски таблици, којшто го управувал 45-годишниот С.И. Несреќета се случила на регионалниот пат Тетово-Пирок во Голема Речица, околу 14.30 часот.

Во несреќата, девојчето задобило телесни повреди и е пренесено е во тетовската болница и потоа пуштено е на домашно лекување.

Во извршениот увид утврдено е дека причина за несреќата била неприлагодена брзина. Инаку, сообраќајните несреќи во кои учесници се пешаци во изминатите шест месеци од годинава застапени се со вкупна бројка од 31. Најмногу вакви несреќи, односно 7, регистрирани се минатиот месец, а една помалку во јануари.

Во овие несреќи, тешко повредени биле 9, додека 26 пешаци завршиле со телесни повреди. Имајќи ги во вид ваквите бројки, Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до возачите да не возат пребрзо и секогаш да им даваат предност на пешаците, не само на обележани премини, туку и воопшто, зашто во спротивно ќе се соочат со соодветни поднесоци и глоба, која изнесува 300 евра во денарска противвредност.

На пешаците, пак, им се советува да бидат крајно внимателни, да не се движат по коловоз и да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат. Глобата за невнимателно однесување на пешаците во сообраќајот и за непочитување на постоечките правила и прописи се движат од 20 до 35 евра во денарска противвредност. Од родителите се бара да не ги пуштаат малолетните деца сами да се движат и да ги преминуваат улиците, особено на пофреквентните соообраќајници во Тетово и Гостивар.