Прегазено 7 годишно девојче во Тетово

Седумгодишно девојче вчера попладне било удрено од автомобил „Киа“ кој го управувал 24-годишниот тетовец Д.Д.

Удреното девојче со друго возило било пренесено во тетовската болница и по укажаната помош, пуштено е на домашно лекување.

Тетовската полиција ги презема сите мерки за расчистување на сообраќајката.