Прегазено 8-годишно дете во радовишко

Осумгодишно дете заврши во Ургентниот Центар во Скопје откако било прегазено од автомобил.

Вчера  во 11,45 часот на регионалниот пат Р-29471, во село Подареш-Радовиш, пред куќата на Т.Н, се случила сообраќајна незгода во која В.Н. (1988) од село Подареш, управувајќи автомобил  „Форд Галакси“ со времени регистарски ознаки, удрил во велосипед „Хамер макс“ управуван од дете на возраст од 8 години од с.Подареш.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди (фрактура на череп, крварење од десно уво и повреда на десно белодробно крило), и по укажаната лекарска помош е пренесено и задржано на лекување во УЦ-Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Радовиш.