Прегазено 8-годишно дете во Тетово

Осумгодишно дете, кое ја преминувало улицата „Јане Сандански“ во централното подрачје на Тетово, се здобило со тешки повреди и по укажаната помош во тетовската болница, итно било пренесено во скопските клиники.

На детето налетало патничко возило џип „ландровер“, со скопски таблички, што го управувал 33-годишната тетовка Е.А.

Тетовската полиција работи на целосно расветлување на случајот, особено на причините за несреќата.