Прегазен со автомобил бидејќи сакал да помогне на жена

Во Полициската станица во Карпош, денеска 15 минути по полноќ К.К. пријавил дека додека се  движел  по ул. „Франклин Рузвелт“ со уште двајца негови другари забележал како од патничко моторно возило „Крајслер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато машко лице, во кое имало повеќе лица, непознато женско лице вика.

К.К се доближил до возилото и прашал што се случува, тогаш возачот на возилото  излегол, физички го нападнал, влегол во возилото, истото полукружно го свртел и  удрил во К.К., по што напуштил местото.

К.К. бил однесен во ГОБ „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош, и му биле констатирани телесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување. Од страна на полициски службеници  пронајден е возачот на возилото. Се работи за С.Ц. (36) од Скопје, кој бил приведен во Полициска станица за понатамошна постапка.