Прегазено дете во Куманово

Дете било тешко повредено откако било прегазено од авттомобил, вчера во Куманово, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 18.40 часот на улицата Доне Божинов.

Тогаш С.Д. (30) од Куманово, управувајќи автомобил „мерцедес“  удрил во седумгодишник од Куманово.

По незгодата, детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничка болница Куманово. Поради сериозноста на повредите детето веднаш било префрлено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, за понатамошно лекување.  Извршен е увид на местото на настанот.