Прегазено петгодишно дете во Драчево

Вчера во 12.00 часот во Скопје на ул„Јустинијан Први“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Застава 101“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Н.(40), удрило во пешак на возраст од 5 години.

Пешакот е пренесен во УЦ-Скопје, каде се констатирани тешки телесни повреди во вид на фрактура на черепот и фрактура на лева нога.

Детето не е во животна опасност и ќе биде задржан на понатамошно лекување.