Прегазено тригодишно дете во Штип

Синоќа беше прегазено тригодишно дете на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај градските гробишта во Штип. Според информациите, детето било заедно со родителите на гробиштата, но се отргнало и претрчало на патот.

Основниот јавен обвинител Јован Ѓурков рече дека несреќата се случила околу 19:30 часот кога тригодишниот Х.Ј. бил на гробиштата заедно со родителите, но во критичниот момент се истргнал од рацете на 12 – годишната сестра и го претрчал регионалниот пат Штип – Радовиш, пренесе МИА.

Автомобилот директно удрил во детето

Автомобилот „голф“ со штипски регистерски таблички, кој поминувал на потот во моментот кога, сега веќе починатото, тригодишно дете претрчало, директно удрил во детето.

Возачот не бил во алкохолизирана состојба

На возачот му е направен алкотест, кој покажал дека тој не е во алкохолизирана состојба.
На возачот му е направен алкотест, кој покажал дека тој не е во алкохолизирана состојба.

Телото на детето е предадено на обдукција. На лице место на возачот му е направен алкотест, кој покажал дека тој не е во алкохолизирана состојба.

Јавниот обвинител и полицијата излегоа веднаш на местото на несреќата. Поради оваа трагедија сообраќајот на влезот во Штип се одвиваше по една сообраќајна лента.